Свет ОДКБ

Ерменија ќе ја напушти безбедносната алијанса на Путин

Ерменија веќе го замрзна членството во алијансата, го откажа учеството на заедничките воени вежби и самити. Руските власти не го коментираа последното соопштение од Ерменија. 

Ерменија ќе ја напушти безбедносната алијанса на Путин

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска ја објави својата намера да ја повлече земјата од безбедносната алијанса на неколку поранешни советски држави во која доминира Русија.

Тој истакна дека неговата влада допрва треба да одлучи кога ќе ја напушти Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), група која ги вклучува Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Белорусија. Одлуката доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Ерменија и Русија, некогаш блиски сојузници.

Ерменија веќе го замрзна членството во алијансата, го откажа учеството на заедничките воени вежби и самити. Руските власти не го коментираа последното соопштение од Ерменија. (МИА)

To top