Свет Европскиот парламент

ЕП ќе дебатира за укинување на визите за граѓаните на Косово со српски пасоши

– Додека не се реши конечниот статус на Косово или не се постигне значителен напредок во нормализацијата на односите помеѓу Косово и Србија, предлогот не треба да се обидува и не може да го реши спорот помеѓу Србија и Косово, ниту треба да се очекува, се истакнува во извештајот на Немец, додавајќи оти на тоа треба да се гледа како на техничко прашање.

ЕП ќе дебатира за укинување на визите за граѓаните на Косово со српски пасоши

Комитетот за внатрешни работи, правда и граѓански слободи на Европскиот парламент утре треба да го усвои извештајот на известувачот за укинување на визите за граѓаните на Косово со српски пасош, Матјаж Немец.

Откако на 1 јануари стапи во сила визната либерализација за Косово, косовските Срби со пасоши на Управата за координација се единствените во регионот, на кои им е потребна виза за патување во ЕУ. ЕК во ноември 2023 година предложи промени во регулативата од 2018 година, така што безвизниот режим ќе се применува и за косовските Срби.

Во извештајот на Немец се истакнува дека визите за косовските Срби се дискриминација.

– Додека не се реши конечниот статус на Косово или не се постигне значителен напредок во нормализацијата на односите помеѓу Косово и Србија, предлогот не треба да се обидува и не може да го реши спорот помеѓу Србија и Косово, ниту треба да се очекува, се истакнува во извештајот на Немец, додавајќи оти на тоа треба да се гледа како на техничко прашање.

Најнови вести од Свет

To top