Во Пакистан денеска загинаа најмалку 22 лица во експлозија на главната железничка станица во Балучистан, провинција во југозападниот дел на земјата, соопштија полициски и медицински извори.
„Досега загинаа 22 лица, работиме на утврдување на природата на експлозијата“, соопшти полицијата, додавајќи дека бројот на жртви може да биде поголем.
Службеникот на регионалната болница во Кета, од своја страна, изјави дека се примени 46 повредени лица.
Експлозијата се случила утринава на централната станица Кета, главниот град на Балучистан, на границата со Авганистан и Иран, каде што патниците чекале на перонот.
Quetta Railway Station Blast Terrorism Condemned by Leaders#Case #Crime #Death #News #Pakistan #RangeInn #Terrorismhttps://t.co/fvJIC4Yi6W
— RangeInn (@RangeInn) November 9, 2024
Балучистан е најголемата, но и најсиромашната провинција во Пакистан, и покрај значителните ресурси на гас и руда. Во таа покраина се активни сепаратистите.
Многу од проектите за експлоатација се финансирани и управувани од странски земји, особено Кина, кон која вооружените сепаратистички фракции редовно го вперуваат прстот, обвинувајќи ги дека трупаат богатство без да го споделат со локалното население.
Една од нив, Ослободителната војска на Белуџистан, редовно тврди дека извршува смртоносни напади врз полицајци и Пакистанци од други провинции.