Свет

Едно лице загина при судар на автобус со локомотива во Хамбург

Едно лице загина, а неколку луѓе се повредени кога локомотива се судри со автобус во северниот германски град Хамбург, соопшти денеска локалната противпожарна служба.

Возачот на автобусот е во критична состојба, додека двајца патници се здобиле со тешки повреди, изјави портпаролот. Уште шест лица во автобусот исто така биле повредени, пренесе ДПА.

Судирот се случил на неосигурен железнички премин во населбата Вилхелмсбург во Хамбург, во близина на градското пристаниште денеска попладне, соопшти полицијата.

Околу 40 спасувачи се распоредени на местото на несреќата, а областа беше привремено затворена.

Причината за судирот засега e нејасна. Сликите од инцидентот покажуваат сериозни оштетувања на предниот и страничниот дел на автобусот.

Службите за итни случаи ги извлекувале патниците низ скршениот преден прозорец на возилото.

To top