Свет трагедија

Двајца загинати во сообраќајка со туристички автобус во близина на египетски град на Црвеното Море

Две лица загинаа денеска кога туристички автобус се судри со камион во близина на египетски град на Црвеното Море, соопштија локалните власти.

Еден Египќанец и една Русинка загинаа во несреќата, која се случи на пет километри надвор од Рас Гареб, југоисточно од Каиро.

Автобусот превезувал 38 патници од различни националности, соопшти гувернератот на Црвеното Море.

Неколку лица се повредени и префрлени во блиската болница, додаде тој.

Сериозните сообраќајни несреќи се релативно чести во Египет и честопати се обвинуваат за лошите услови на патиштата и несовесното возење. Во последниве години, Египет гради мрежа од нови правци, со цел подобрување на квалитетот на своите патишта.

To top