Свет

Данска гледа шанса за нови преговори со САД за безбедноста на Гренланд

Данска гледа можност за нови преговори со Соединетите Американски Држави за зајакнување на безбедноста на Гренланд, по објавувањето на рамковниот договор меѓу претседателот Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

-Се отвори можност повторно да водиме реални преговори меѓу Данска и Гренланд, од една страна, и САД, од друга страна, изјави данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Марија Малмер Стенергард во Стокхолм.

Трамп во Давос изјави дека разговорите со Руте резултирале со „рамковен договор“ за автономната данска територија. Иако деталите за компромисот не се објавени, Трамп истакна дека САД добиле „сè што сакале“.

Расмусен потсети дека за време на Студената војна САД одржувале 17 воени бази и објекти на Гренланд со околу 10.000 лица персонал, додека денес е активна само една база. Данска вети дека ќе го зајакне своето воено присуство на Арктикот.

– Сметаме дека е добра идеја да го зајакнеме нашиот ангажман во НАТО за да обезбедиме попостојано присуство на Алијансата, не само на Гренланд, туку и на целиот Арктик, додаде данскиот министер.

To top