Шефицата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст нагласи дека организацијата е подготвена да помогне во спроведувањето на договорениот прекин на огнот во Газа и да ја олесни размената на заробеници и заложници.
-Подготвени сме да ја олесниме секоја операција за ослободување како што е договорено од страните за да можат заложниците и затворениците да се вратат дома, наведе претседателката на МКЦК Мирјана Шпољариќ во изјавата.
Таа додаде дека организацијата е „исто така подготвена масовно да го зголеми нашиот хуманитарен одговор во Газа каде што тоа го налага ситуацијата“.