Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, за прв пат јавно побара од Иран и Израел да избегнат ескалација кон нов воен конфликт на Блискиот Исток.
-Не треба да има ескалација предизвикана од која било страна во овој конфликт. Ние сме ангажирани во интензивна дипломатија со сојузниците и партнерите и оваа порака ја испраќаме до Иран. Оваа порака му ја пренесовме директно на Израел, рече државниот секретар за време на заедничка прес-конференција со министерот за одбрана Лојд Остин и нивните австралиски колеги, Пени Вонг и Ричард Марлс.
-Нашата посветеност кон Израел е непоколеблива. Ќе продолжиме да го браниме Израел од нападите на терористичките групи или нивните поддржувачи, исто како што ќе продолжиме да ги браниме нашите трупи, рече Блинкен.