Свет „да ја задржиме контролата врз нашата судбина“

Атал: Еден од приоритетите е повторно вооружување на Франција

Новоименуваниот француски премиер Габриел Атал денеска му се заблагодари на претседателот Емануел Макрон за неговото именување, додавајќи дека еден од неговите главни приоритети ќе биде повторното вооружување на Франција.

Атал: Еден од приоритетите е повторно вооружување на Франција

– Ви благодарам господине претседателе за вашата доверба. Ја ценам честа што ми беше дадена да бидам назначен за премиер. Еден приоритет: да ја задржиме контролата врз нашата судбина, да го ослободиме францускиот потенцијал и да ја вооружиме нашата земја повторно. На работа, со сила, понизност и без табуа во служба на Французите, напиша Атал на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека во последните месеци ја посветил „целата своја енергија“ на обновата на францускиот образовен систем.

To top