Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека за Техеран секој крај на американско-израелската војна со Иран мора да биде дефинитивен.
„Иран не побара прекин на огнот и сака да обезбеди било каков крај на војната со Израел и САД да биде дефинитивен“, рече Арагчи, пренесен од иранската агенција SNN.
Коментирајќи ги американските напади тој рече дека „интересно е што САД признаваат дека напаѓаат за забава и дека не го изненадува тоа што меѓународната заедница не презема мерки“, пренесува агенцијата Тасним.
„Цивилните објекти, вклучувајќи ги болниците и училиштата, редовно беа напаѓани, а според извештајот на министерот за здравство, беа нападнати 53 болници. Тие нападнаа и стадиони, вклучувајќи го и стадионот со 12.000 седишта и други стадиони, а имаме и маченици од спортската заедница“, рече Арагџи.
Според него, „тоа покажува дека непријателот не се придржува до никакви принципи, дека не се двоуми да нападне станбени области и бесрамно признава дека го прави тоа за забава“.
„Нашата нација е угнетена, но е херојска нација и се спротивставува на сите овие притисоци со достоинство“, заклучи тој. (МИА)