Свет протести се одржани во Ерусалим и Хаифа

Антивладини протести во Израел со барање за ослободување на заложниците во Газа

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците во Израел за да повикаат на ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, но голем дел од нив бараат и оставка од Владата. Роднините на заложниците го обвинија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неуспех на тековните преговори со Хамас, кои се водат преку меѓународни посредници.

Антивладини протести во Израел со барање за ослободување на заложниците во Газа

Договор би можел „да ги врати заложниците во нивните домови утре“, рече во својот говор мајката на млад Израелец, заложник во Газа. – Гласав за тебе. Кога ќе гласаш за мене“ го праша таа Нетанјаху.

Учесници на друг протест во Тел Авив побараа оставка од владата и распишување нови избори. Подоцна вечерта неколку стотици демонстранти блокираа некои од главните сообраќајни артерии во градот, а најмалку седум демонстранти се уапсени.

Слични протести се одржани во Ерусалим и Хаифа, со барање за ослободување на заложниците.

Заложниците беа заробени од Хамас и други групи за време на нападот во октомври. Тогаш се убиени 1.200 луѓе, а уште 250 одведоа во Газа, со што започна сегашниот конфликт. За време на ноемврискиот прекин на огнот беа ослободени 105 заложници во замена за 240 палестински затвореници. Хамас сè уште држи 136 лица, иако според израелските проценки најверојатно загинале најмалку 30.

Египет, Катар и САД се обидуваат да воспостават подолг прекин на огнот и да ја олеснат размената на заложници за палестинските затвореници држени во Израел, во неколку фази.

Во моментов преговорите напредуваат бавно. Во меѓувреме, израелската војска продолжува со масовни воздушни напади и копнена офанзива против Хамас. Повеќе од 28.000 Палестинци загинаа во војната во Газа, според регионалните здравствени власти, повеќето од нив цивили.

Најнови вести од Свет

To top