Свет ЈуГов

Анкета за изборите во САД: Харис со два индексни поена предност пред Трамп

Покрај кандидатите за потпретседатели, значајна улога во конечниот резултат на претседателските избори би можела да има и кандидатурата на Кенеди помладиот, кој се јавува како независен кандидат. 

Анкета за изборите во САД: Харис со два индексни поена предност пред Трамп

Последното истражување на американската агенција ЈуГов покажа дека во трката за претседател на САД со два отсто од гласовите, демократската кандидатка Камала Харис има предност пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп, објави Демостат.

„Резултатите од истражувањето покажаа дека Харис има поддршка од 46 отсто од гласачите, а Трамп 44 отсто. Роберт Ф. Кенеди помладиот, како потенцијален трет кандидат во моментов има поддршка од три проценти од гласачите, што укажува на неговата можна одлучувачка улога во конечниот резултат на неизвесните избори“, наведува Демостат и додава дека истражувањето oпфатило и тоа како гласачите гледаат на кандидатите за идните потпретседатели на САД, а ја обработило и потенцијалната улога на третиот кандидат Роберт Ф.Кенеди.

Американската агенција ЈуГов го спроведе најновото истражување кое дава увид во ставовите на американските гласачи во однос на ноемвриските претседателски избори. Покрај кандидатите за потпретседатели, значајна улога во конечниот резултат на претседателските избори би можела да има и кандидатурата на Кенеди помладиот, кој се јавува како независен кандидат.  (МИА)

To top