Свет Австралија - САД

Албанезе: Односите со Трамп имаат многу добар почеток

Албанезе рече дека му рекол на Трамп оти САД имаат трговски суфицит со Австралија и дека е во интерес на Вашингтон да „тргува праведно“ со својот сојузник.

Албанезе: Односите со Трамп имаат многу добар почеток

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека неговиот однос со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп имал „многу добар“ старт и го раскажа телефонскиот разговор што го имал со републиканскиот лидер по неговата победа на претседателските избори во САД.

Албанезе рече дека му рекол на Трамп оти САД имаат трговски суфицит со Австралија и дека е во интерес на Вашингтон да „тргува праведно“ со својот сојузник.

За време на неговиот прв претседателски мандат, Трамп не воведе царини за увоз на челик и алуминиум од Австралија.

Албанезе денеска изјави дека неговиот телефонски разговор со реизбраниот претседател од Републиканската партија на САД бил „многу добар почеток“ на билатералните односи. „Разговаравме 10 минути и тоа беше еден од првите телефонски повици што ги имаше“, рече шефот на централно-левичарската лабуристичка влада на Австралија.

Трамп и Албанезе, исто така, разговараа за безбедносните врски, вклучувајќи го и пактот AUCUS, според кој Австралија ќе купува американски нуклеарни подморници во текот на следната деценија и ќе развие нова класа нуклеарни подморници заедно со САД и Велика Британија.

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг овој месец изјави дека Канбера е уверена во својот сојуз со Вашингтон, нејзиниот најголем безбедносен партнер.

To top