Вести

Суданската армија тврди дека воспоставила контрола врз седиштето на националната радио-телевизија

Суданската армија соопшти дека презела контрола врз седиштето на националната радио-телевизија, што беше од контрола на паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ).

Суданската армија тврди дека воспоставила контрола врз седиштето на националната радио-телевизија

Седиштето на Суданската радио-телевизија е во градот Омдурман, кој се наоѓа на другиот брег на Нил спроти главниот град Картум.

Силите за брза поддршка сè уште не го коментирале соопштението на суданската армија.

Војната меѓу суданската армија и РСФ избувна во средината на април минатата година поради тензиите за планот за транзиција кон цивилна власт. Двете фракции извршија државен удар во 2021 година, со кој заврши претходната транзиција откако поранешниот лидер Омар ал-Башир беше соборен во 2019 година.

Најнови вести од Вести

To top