Генезата во партијата СДСМ е илузорно чувство дека тие имаат наследно право да владеат со оваа држава, вели во НАТКАСТ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски,
-Тие тоа го подаваат на генерациски колена. Ако таткото нè малтретирал 30 години на различни позиции, сега доаѓа синот да биде креатор на различни политики. Тоа се луѓе кои се уживатели на некои психотропни супстанци, луѓе кои на работно место правеле такви активности. Јас го повикувам јавниот обвинител, таму треба да се влезе. Тој човек бил директор на правен сектор на едно сериозно јавно претпријатие, тие одлуки треба да се преиспитаат. Дали тоа лице што потпишувало такви акти, ги правело при деловна способност. Тоа се многу сериозни работи кои некој треба во оваа држава да ги истражи. Наместо да шета по прес-конференции, да ни дели на нас ум, треба некој да влезе во тоа претпријатие, да ги види сите акти кои се потпишани од тој човек бидејќи имал сериозно влијание на одлучување и да види дали тие одлуки се донесени при здрава свест и при деловна способност која гарантира носење на законити одлуки, рече Стојаноски.
Посочува дека однесувањето на поединци од оваа партија не е изолиран случај. Вели дека конфузното однесување кулминираше со украдени избори и делење на лиценци за марихуана.
Коментирајќи го однесувањето на градоначалникот на Крива Паланка кој вчера беше објавено дека глумел локален шериф, тој го објаснува концептот на функционирање во СДСМ.
-Такво прикажување на моќ на градоначалник е само продолжение на нивниот нарав. Ова само укажува на тоа што тие луѓе ќе прават сега ако ги запоседнат институциите. Имаше услови во кои министер за социјална политика ги бркаше пензионерите и сега истиот тој министер шета по телевизиите и кажува дека требало да се имплементираат некакви антикризни мерки и дека народот живее лошо… Таму тие кога ќе седнат на тоа претседателство или состанок, тие не размислуваат колку сме одговорни пред граѓаните и каква мерка ќе преземеме за овој народ да живее подобро туку тие размислуваат што да излажеме денес, колку повеќе да сме неискрени со народот, како денеска овој ден политички да го преживееме, како да пуштиме некој балон во јавноста, како да ги излажеме граѓаните и да ги доведеме во заблуда, за да кога ќе ги запоседнеме институциите да го правиме тоа што го правиме – лиценци за марихуана, отворање на бизниси, притисок кон судство и обвинителство за да можат бизнисите да дојдат во нивни раце, страв, трепет и притискање на политички противник. Тоа е нивната понуда. Во СДСМ ништо се нема променето, никаква нова политичка парадигма се нема инсталирано во таа партија. Истите луѓе, истите политики, истото потценување, истата лажна самодоверба и истиот криминалитет, рече Стојаноски.
Целото негово гостување во НАТКАСТ, погледнете го во продолжение