Вести Влада во позитива, Македонија исто

Сотир Костов за Курир: Предновогодишно мерење на рејтинзите на власта, опозицијата, партиите и лидерите

Мнозинството од граѓаните се задоволни од Владата и Премиерот Христијан Мицкоски и безрезервно ги поддржуваат.
Генерална оценка би била дека граѓаните даваат поддршка на политиките на Владата, најголемата владеачка партија има многу, многу поголем рејтинг од збирот на рејтинзите на трите опозициони партии(Левица, ДУИ, СДСМ), а лидерството на Премиерот Мицкоски е неспорно, со висок рејтинг и недостижно за опозиционерските лидери Филипче, Ахмети и Апасиев.

Сотир Костов за Курир: Предновогодишно мерење на рејтинзите на власта, опозицијата, партиите и лидерите

 

Деновиве беше објавена анкета т.е. истражување на јавното мислење. Истражувањето е направено од 06 до 15 декември. Нарачател е МКД.мк, а ја спровела агенцијата Маркет вижн. Инаку, спроведена е на 1200 граѓани, преку телефонско анкетирање, значи се работи за репрезентативен примерок, за целата територија на Македонија, а запазени се критериумите и како сразмерна застапеност според региони, етничка припадност, возраст, пол. Употребена е методата CETI, со статистичка грешка и интервал на доверба од 95%.

Прва констатација е дека се запазени сите стандарди на истражувањето, т.е. мерењето на јавното мислење, а на тоа се надоврзува и сериозноста на медиумот (МКД.мк) и познатоста, признатоста и професионалноста на агенцијата (Маркет вижн). Следна моја констатација е дека веднаш паѓаат во вода неоснованите напади(од СДСМ) дека акетата е непрофесионална, нереална, наменски нарачана од политички субјект “позади завесата“ и сл.

Во врска со резултатите на истражувањето можам да истакнам дека е повеќе од видно дека за работата и постигнувањата во првиот квартал, поточно за првите пет месеци од владеењето на новизбраната власт од народот во месец мај, Владата и премиерот Христијан Мицкоски добиваат позитивни и висок и оценки. Дека Владата работи добро се изјасниле 38,9% од испитаниците(задоволни или многу задоволни). Премиерот Мицкоски е оценет со нешто повисока оценка – 40,3% од испитаниците се изјасниле како задоволни од неговата работа.

Според изјаснувањето на граѓаните за тоа како ги ценат лидерите, Премиерот Мицкоски е со убедливо највисок рејтинг од 27,2%. За одбележување е дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не е втор по ред, туку го дели третото/четвртото место заедно со Макслим Димитриевски, лидерот на ЗНАМ со 3,6%. За лидер на партија како СДСМ, тоа е многу низок рејтинг. Исто така, забележително е дека лидерот на ЗНАМ има повисок рејтинг од Димче Апасиев, лидерот на Левица.

Одделни активности на Владата исто така добиле голема поддршка: Кредитот од Унгарија е поддржан со 30,3%, а субвенциите за каматите имаат нешто поголема поддршка изразена во 39,5%. Поддршката пак за акцијата за замрзнување на цените на одредени продукти е многу голема и изнесува 61,5% од испитаниците.

Во однос пак на политичките партии, граѓаните најголема поддршка даваат за ВМРО-ДПМНЕ, поддршка од 21,5% од граѓаните кои во случај на брзи избори тие би гласале за оваа партија. Тоа што зачудува, а богами и загрижувачки е, е показателот дека СДСМ веќе не е второ рангирана партија, туку тоа е коалицијата Вреди(коалиција составена од четири партии на етничките албанци во Македонија) за која во моментот би гласале 5,5% од граѓаните. ДУИ е трето рангирана со 5,4%, а дури потоа следува како четврторангирана СДСМ со поддршка од само 3,9%. Односот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 5:1 во корист на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Тука, не можам а да не констатирам дека рејтингот на двете најголеми опозициони партии ДУИ и СДСМ е загрижувачки низок, а тоа значи дека во македонија во моментот имаме опозиција која е слабо организирана, нејзиното дејствување не е според желбите на граѓаните, па краен резултат е нерелевантна опозиција или да бидеме искрени и конкретни, маргинализирана опозиција. Најзагрижувачки е податокот дека 48% од испитаниците се изјасниле дека СДСМ во моментот не е способна да креира нови политики. Е, ова е поразително, треба да го замисли новиот лидер Венко Филипче и новото раководство на СДСМ, па дури и да ги загрижи, само со единствена цел, да превземат нешто за да ја подобрат оваа независна состојба. Генерална оценка би била граѓаните даваат поддршка на политиките на Владата, најголемата владеачка партија има многу, многу поголем рејтинг од збирот на рејтинзите на трите опозициони партии(Левица, ДУИ, СДСМ), а лидерството на Премиерот Мицкоски е неспорно, со висок рејтинг и недостижно за опозиционерските лидери Филипче, Ахмети и Апасиев.

 

Сотир Костов

To top