Со градежните зафати, се изврши целосна реконструкција и поставување на енергетски-ефикасна фасада, замена на старите олуци и поставување нови, санирање на оштетените делови од зградата, како и целосна реконструкција на тоалетите и санитарните јазли. Со проектот, исто така се опфати и изведба на надворешно одбојкарско игралиште, како и паркинг со кој се решава проблемот со паркирањето.
Увид во завршените активности изврши и градоначалникот Муцунски, кој истакна дека општината ќе продолжи и понатаму со истиот ритам, со цел обезбедување квалитетно образование, посреќни и поуспешни ученици.
„Условите во кои се одвива наставата, се еден од предусловите за квалитетен образовен процес, а оваа инвестиција е токму во таа насока. Искрено се надевам дека овој и останатите проекти во делот на образованието ќе бидат мотивација за дечињата, за успешно да ги совладаат знаењата и вештините, но и да постигнат резултати.“, истакна градоначалникот Муцунски.