Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.