Скопје ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - НА ЕВРОПСКА МАСА

(ФОТО) Стојкоски: Ова е позиционирање на Ѓорче Петров таму каде што се носат современите европски политики

Стојкоски на партнерски состанок во Шпанија.

(ФОТО) Стојкоски: Ова е позиционирање на Ѓорче Петров таму каде што се носат современите европски политики

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствува на состанок во рамки на проектот UrbanGreenLeap, финансиран преку Interreg Euro-MED, во Барселона, Шпанија.

-Од 16 до 18 февруари сум во Барселона на партнерски состанок во рамки на европскиот проект UrbanGreenLeap, финансиран преку Interreg Euro-MED. Заедно со претставници од Милано, Барселона, Цеље, Вараждин, Загреб и Будва разговараме за иднината на урбаното планирање, зелената инфраструктура и одржливиот развој, објави градоначалникот Стојкоски.

Градоначалникот истакна дека ова е можност за да се учи од најдобрите и додаде дека „Ова е позиционирање на Ѓорче Петров таму каде што се носат современите европски политики“.

-Ги пренесуваме европските практики дома. Создаваме услови за нови инвестиции и поквалитетна животна средина. Нашата визија е јасна – зелена, модерна и европска општина, потенцира во објавата Стојкоски.

🇪🇸 Барселона | UrbanGreenLeap 🌿

🇲🇰🤝🇪🇺 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ РАМО ДО РАМО СО ЕВРОПА

Од 16 до 18 февруари сум во Барселона на…

Posted by Александар Стојкоски on Tuesday, February 17, 2026

To top