Градоначалникот на oпштина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека е уреден Паркот „Срце“ кој доби нов простор за најмладите и нивните семејства.
Во паркот е поставена нова фонтана и детско катче, овозможувајќи на децата да се дружат и да уживаат во слободата на детството, додека семејствата можат да се релаксираат во мирна и пријатна атмосфера.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека проектот е дел од визијата за унапредување на јавните простори и создавање средини кои поттикнуваат заедништво и подобар квалитет на животот за граѓаните.