Денес е посебен ден за нашите најмали – првиот училишен ден! Општина Ѓорче Петров на нашите првачиња им посакува топло добредојде во светот на учењето, каде секоја нова буква и бројка ќе биде нова авантура, се вели во соопштението од општина Ѓорче Петров.
Оттаму велат дека и оваа година општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче.
Нека вашето патување низ училишните ходници биде исполнето со радост, љубопитност и многу насмевки. Ова е само почетокот на една магична приказна каде што вие сте главните херои. Веруваме дека ќе бидете упорни, ќе ги следите своите соништа и ќе го пронајдете своето место во овој голем свет, порача Градоначалникот, Александар Стојкоски.
Среќен почеток, драги првачиња! Порача градоначалникот Стојкоски.