Вечерва директно на терен лично раководам со кризниот штаб со цел расчистување на улиците од снегот. Нема ниту една улица во општина Гази Баба која во овој момент е блокирана поради врнежите од снег кои ги зафатија населените места од Црешево до Раштак!, вели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Механизацијата на економските оператори кои се задолжени за зимско оддржување навремено постапи согласно моите насоки и интензивно работи на расчистување на снегот.
Се фрла сол на коловозите со цел да се спречи евентуално замрзнување, имајќи ги предвид врнежите од дожд и снег и секако ниските температури.
Граѓаните да бидат спокојни. Остануваат службите во текот на целата ноќ на терен и подготвени сме веднаш да реагираме!
Безбедноста во сообраќајот е наш приоритет и ќе ја исполниме нашата должност да создадеме услови граѓаните безбедно и непречено да можат да ги извршуваат своите обврски, пишува Стефковски на Фејсбук.