Денес, заедно со следниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, вицепремиерот Љупчо Димовски и заменик-министерот Ѓоко Велковски, присуствувавме на прекрасната прослава на З.П. Кисела Вода и нејзините подружници, објави на социјалната мрежа на Фејсбук кандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.
Со огромна чест и задоволство ја поминав оваа средба со нашите пензионери – луѓето на кои им должиме најголема благодарност.
Ви благодарам за секој совет, за секоја жртва и за целата љубов што сте ја вложиле во семејствата и заедницата.
Секоја ваша насмевка и секоја искрена прегратка ми даваат дополнителна мотивација да се борам за подобро секојдневие и достоинствен живот за сите вас.
Ќе продолжам по патот кој го започна Орце Ѓорѓиевски – пат на посветена работа, чесност и грижа за сите генерации во Кисела Вода.
Вашата грижа ќе биде и моја грижа, бидејќи мојата најголема цел е Кисела Вода да биде место каде што сите генерации живеат со достоинство и почит.
Ви посакувам многу здравје и радост и се гледаме повторно набрзо – таму каде што најубаво се чувствувам, меѓу вас, нашите пензионери, пишува Стаменкоска Трајкоска во својата објава.