Делегацијата од Општина Кисела Вода, предводена од градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, денес се поклони пред вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ . Со свежо цвеќе, во чест на 154 годишнината од неговото раѓање, ја искажаа својата почит кон овој голем македонски револуционер и идеолог, чие дело и визија е гордост на секој Македонец.
– Денес со свежо цвеќе се поклонуваме и сеќаваме на Гоце Делчев – човекот кој не прифати ропство, ниту тишина пред неправдата. Со срце полно со љубов кон татковината, Делчев го трасираше патот на слободата и достоинството на македонскиот народ.
Неговата борба не беше само со оружје, туку со вера и непокор што и денес не обврзува.
Со благодарност и почит го одбележуваме споменот на Гоце Делчев, чие име и дело остануваат светла точка во нашата историја. Гоце Делчев е Македонија. Да живее Македонија – истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.