Главниот македонски град претпладнево е со втор најзагаден воздух во Европа, односно трет во светот, според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.
Со индекс на квалитетот на воздух од 172, аерозагадувањето во Скопје е штетно по здравјето, а полош воздух од скопскиот е регистриран само во Сараево и во Њу Делхи.
Загадувањето во Скопје е проблем со кој жителите се борат со години.
Министерството за животна средина и анализите кои ги прават покажуваат дека дури 45% од аерозагадувањето го предизвикуваат домаќинствата кои се греат на влажни дрва и производи од обоено дрво.