Скопје

Скандал: СДСМ и Левица во Гази Баба гласаа против проектите кои ги финансира Владата

Скандал: СДСМ и Левица во Гази Баба гласаа против проектите кои ги финансира Владата

Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на дневен ред се најде ребаланс на буџетот на општината со цел зголеување на буџетот за 3 милиони евра, средства кои Гази Баба ги доби по јавниот повик од Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти.

Скандалозно е тоа што Советниците во Советот на општина Гази Баба од редовите на СДСМ и Левица не дадоа поддршка за донесување на ребалансот на буџетот со што тие директно се против реализација на 4 капитални проекти кои општина Гази Баба ги добива со финансиска поддршка од Владата.

Ребалансот на буџетот беше донесен со поддршка од гласовите на Советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со што се отвара патот за реализација на проектите како што се нова детска градинка во Инџиково, културен дом во Ченто, спортска сала во Црешево и нова улица помеѓу Маџари и Керамидница која е услов за изградба на нова градинка на тој простор следната година.

Најнови вести од Скопје

To top