Скопје од последна „5 “ до гробиштата

Се решава деценискиот проблем на улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров

-После долгогодишни барања од граѓаните, освен што во овој дел на Ѓорче Петров поставивме нова фекална и атмосферска канализација, на оваа улица работевме и на реконструкција на краци, како и на поставување нови тротоари – информираше Стојкоски.

Се решава деценискиот проблем на улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров во изминатите две години речиси целосно ја урбанизираше една од најстарите улици во општината – улицата „Радушка“. Во насока на целосно заокружување на нејзина репарација, градоначалникот Александар Стојкоски денеска изврши увид во нова серија градежни работи, или реконструкција на патот од последна „5 “ до гробишта во должина од 490 метри.

-После долгогодишни барања од граѓаните, освен што во овој дел на Ѓорче Петров поставивме нова фекална и атмосферска канализација, на оваа улица работевме и на реконструкција на краци, како и на поставување нови тротоари – информираше Стојкоски.

Граѓаните од Дексион, додаде, долги години упатуваа барања до Општина Ѓорче Петров за санација и репарација на ул.„Радушка“ онаму каде што беше неопходно.

-Ние веднаш покажавме слух за нивните барања и излеговме на терен. Точно е дека имаше итна и неодложна потреба за интервенција и токму затоа се уште сме на терен на „Радушка“ – истакна Стојкоски.

Проектот за реконструкција на патот од последна „5 “ до гробишта кој е во соработка со Министерството за транспорт и врски е во вредност од 17.400,000 денари.

Теми на денот

To top