Скопје

Се гради фонтана на мини плоштадот во село Драчево

Се гради фонтана на мини плоштадот во село Драчево

Голема фонтана ќе го краси мини плоштадот во селото Драчево. Со централна позиција, истата се гради на 30 квадратни метри и ќе биде целосно осветлена. Во нејзина непосредна близина се реконструира детското игралиште, а просторот ќе биде дополнет со нова урбана опрема. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети овој мини сквер кој е често збиралиште за жителите на селото Драчево.

-Продолжуваме со оплеменување на просторот и додавање на нови содржини за нашите жители низ цела општина Кисела Вода. Денес сме во селото Драчево, каде градиме фонтана која ќе го разубави ликот на оваа локација, популарна за дружење и разонода. Со оглед на тоа што чести посетители тука се најмладите, го реконструираме и детското игралиште, а целиот простор ќе биде надополнет со нови клупи и корпи за отпадоци, со што, се надевам дека овој мини плоштад ќе привлече уште повеќе посетители во топлите денови кои ни претстојат, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

To top