Скопје

Протестираа само 26 лица: Фијаското на протестот на СДСМ и Левица во Аеродром (ФОТО)

Новиот ДУП, за разлика од плановите на претходните општински администрации, предвидува изградба на само еден објект за колективно домување, наместо претходно предвидените девет. Со него, се отвора простор за изградба на два нови паркови и дополнителни зелени површини, како и комунални и урбанистички решенија со кои граѓаните можат да ја планираат својата иднина.

Протестираа само 26 лица: Фијаското на протестот на СДСМ и Левица во Аеродром (ФОТО)

Без лисичани, како најзасегнати од предвидените промени, а со многу политички активни лица кои не живеат во Општина Аеродром, вчера вечер се одржа протестот против новиот ДУП за населбата Лисиче. На протестот пред општинската зграда, можеа да бидат избројани само 26 лица, меѓу кои најголемиот дел го сочинуваа симпатизери на СДСМ и Левица, советници од нивните редови и истакнати партиски функционери.

Протестот кој требаше да послужи како наводна реакција на лисичани против Деталниот урбанистички план кој тие го карактеризираа како спорен и „обид за бетонизација“, заврши како уште едно фијаско и неуспех во низата протести организирани од двоецот СДСМ-Левица.

Апсурдот на овој протест е уште поголем со тоа што Општина Аеродром изминатиот период организираше десетина отворени денови за граѓаните и можности за пополнување анкетни листови, на кои стручни лица од општината ги даваа одговорите за бенефитите кои овој ДУП ги нуди за жителите на населбата Лисиче.

Покрај позитивните реакции од граѓаните од овој дел на Аеродром, кои во новиот ДУП увидоа решавање на разни комунални и инфраструктурни проблеми кои ги чекаа подолг период, позитивно се изјаснија сите останати надлежни институции и експерти од областа на урбаното планирање.

Новиот ДУП, за разлика од плановите на претходните општински администрации, предвидува изградба на само еден објект за колективно домување, наместо претходно предвидените девет. Со него, се отвора простор за изградба на два нови паркови и дополнителни зелени површини, како и комунални и урбанистички решенија со кои граѓаните можат да ја планираат својата иднина.

Најнови вести од Скопје

To top