Скопје завршени се градежни активности

По 50 години: Реконструкција на најстарите улици во Ѓорче Петров

Вложуваме во рамномерен развој на општината, со посебен фокус на деловите кои со години биле заборавени. Реконструкцијата на овие улици не е само инфраструктурен зафат, туку враќање на достоинството на оваа заедница, изјави градоначалникот Стојкоски.

По 50 години: Реконструкција на најстарите улици во Ѓорче Петров

Во рамки на урбаниот ден на Општина Ѓорче Петров, завршени се градежни активности за комплетна реконструкција на дел од најстарите и најоштетени улици во населба Дексион. Се работи за улици кои повеќе од пет децении немале ниту еден обемен зафат на санација.

Во текот на изминатиот период, во оваа населба се реконструирани:

• ул. Црногорска 2 – во должина од 600 метри и површина од 2.000 м²
• ул. Љубин – 150 метри / 900 м²
• ул. Александар Македонски – 200 метри / 1.000 м²
• ул. Андреј Зограф – 160 метри / 1.100 м²

Со тоа, вкупно се асфалтирани 1.110 метри и над 5.000 квадратни метри површина, со вкупна инвестиција од 4.900.000 денари.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека реконструкцијата на овие улици претставува исполнување на едно од главните барања на жителите на населбата Дексион и уште еден конкретен чекор во реализацијата на програмата за подобрување на локалната инфраструктура.

„Вложуваме во рамномерен развој на општината, со посебен фокус на деловите кои со години биле заборавени. Реконструкцијата на овие улици не е само инфраструктурен зафат, туку враќање на достоинството на оваа заедница“, изјави градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во уредување на уличната мрежа, со цел создавање на модерни, функционални и безбедни услови за живот и движење.

To top