Скопје Активности за промоција на хумани вредности

Општина Кисела Вода и Црвен крст со заедничка еколошка акција

Денес се чисти левата страна на патеката кон населеното место Драчево, на потегот од бензинската пумпа до семафорите во населбата Пинтија. Вакви акции ќе се реализираат редовно, во неколку наврати, сè до крајот на месец април.

Општина Кисела Вода и Црвен крст со заедничка еколошка акција

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кисела Вода, во соработка со Општина Кисела Вода, денес започна голема еколошка акција. Оваа иницијатива е дел од активностите за промоција на хумани вредности, преку кои младите со својот ангажман прават позитивни промени во општеството.

Денес се чисти левата страна на патеката кон населеното место Драчево, на потегот од бензинската пумпа до семафорите во населбата Пинтија. Вакви акции ќе се реализираат редовно, во неколку наврати, сè до крајот на месец април.

-Силно ги поддржуваме ваквите еколошки иницијативи преку кои младите со својата креативност и труд директно придонесуваат за нашата општина. Голема благодарност до Црвен крст – Кисела Вода, до нивниот секретар, до младите волонтери и нивниот ментор, како и до Андреј Рајатоски, на социјалните мрежи попознат како „Градинарот“,  кој со својот личен пример мотивира. Ова е доказ дека кога институциите, хуманитарните организации и општествено одговорните поединци работат заедно, резултатите се видливи. Со подигнувањето на свеста кај младите за одржување на чиста животна средина, градиме поубава и поздрава иднина за сите нас во Кисела Вода, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Теми на денот

To top