Скопје

Општина Центар на владиниот повик аплицирала со два проекти, за КУРИР откриваат за што станува збор

За Салата Работнички аплициравме со износ од 121.700.000,00 денари, одобрени ни се 90.000.000,00 денари, велат од општина Центар за КУРИР.

Општина Центар на владиниот повик аплицирала со два проекти, за КУРИР откриваат за што станува збор

Општина Центар аплицираше на повикот на Владата со два проекти, а по нивна реализација, жителите на оваа скопска општина ќе го видат добробитот.

КУРИР побара одговор од општина Центар за тоа со какви проекти аплицирале и што ќе биде реализирано.

Дознаваме дека за еден од проектите добиле насока дека треба да ја комплементираат документацијата, за што има продолжен рок, а за друг им се одобрени средства.

-Аплициравме со Основен проект за реконструкција на Спортска сала Работнички (втора фаза). За Салата Работнички аплициравме со износ од 121.700.000,00 денари, одобрени ни се 90.000.000,00 денари, велат од општина Центар за КУРИР.

Вториот проект со кој аплицирала општината е партерно и хортикултурно уредување во Градски ѕид. Поточно, станува збор за просторот од Зелено пазарче до улица Македонија.

-За партерно и хортикултурно уредување во Градски ѕид аплициравме со износ од 41.700.000,00 денари, за што добивме продолжување на рокот во насока на комплетирање на проектната документација по Јавниот повик, велат од општина Центар.

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини. Нивната вкупна вредност изнесува нешто над четири милијарди денари или околу 65 милиони евра. Овие средства се обезбедени од земениот унгарски кредит.

Најнови вести од Скопје

To top