Скопје На предлог на Костовски

Општина Бутел со 3 милиони денари ќе им помогне на граѓаните кои претрпеа штети од невремето

Наскоро, локалната самоуправа ќе ја објави постапката за утврдување на штетите.

Општина Бутел со 3 милиони денари ќе им помогне на граѓаните кои претрпеа штети од невремето

На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за помош во износ од 3 милиони денари, за граѓаните кои претрпеа штети од невремето во општина Бутел.

Средствата во износ од 3 милиони денари ќе бидат обезбедени од буџетот на општината и ќе биде формирана комисија за проценка на штетите од невремето.

Наскоро, локалната самоуправа ќе ја објави постапката за утврдување на штетите.

Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека секогаш ќе изнајде начин да им помогне на сите граѓани на општина Бутел.

Најнови вести од Скопје

To top