Скопје

Општина Аеродром отпочна уште еден капитален инфраструктурен проект

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска извршија увид во почетокот на реализацијата на проектот за целосна реконструкција на дел од сервисните улици на бул. „Јане Сандански“.

Станува збор за реконструкција на сервисните улици на потегот од зградата со број 40 до зградата со број 76, што се паралелни со булеварот „Јане Сандански“ и со дел од булеварот „Васко Карангелески“, поточно во близина на детската градинка „Бамби“, локација која инаку е многу фреквентна во секој период од годината.

Реконструкцијата на сервисните улици опфаќа вадење и вградување на нов асфалт на улиците, паркинзите и тротоарите на површина од над 15 илјади м2 или должина од околу 1000 метри со рок на изградба од 5 месеци.

Станува збор за значаен инфраструктурен проект финансиран со средства од Владата во вредност од околу 27 милиони денари, со што жителите од овој дел на Аеродром ќе добијат убаво и современо уредени сервисни улици, тротоари и паркинг-места.

Општина Аеродром останува посветена на континуирано унапредување и подобрување на севкупната патна инфраструктура за побезбеден сообраќај и непречено движење на пешаците.

Теми на денот

To top