Скопје

Наскоро Општина Илинден ќе добие нов здравствен дом

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и министерот за здравство Арбен Таравари придружувани со заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски денеска извршија увид во градежните работи во изградбата на новиот здравствен дом.

Наскоро Општина Илинден ќе добие нов здравствен дом

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и министерот за здравство Арбен Таравари придружувани со заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски денеска извршија увид во градежните работи во изградбата на новиот здравствен дом.

Како што изјави градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски здравствениот дом се гради по барање на жителите на Општина Илинден, која е со брзорастечки број на населението. Тој додаде дека на ова место се наоѓаше старата амбуланта изградена пред повеќе од половина век. Десетина години наназад едно од основните барања на граѓаните беше изградба на нов здравствен дом. Беше многу ветуван но претходно, но не беше реализиран, па затоа на моја лична иницијатива како градоначалник се изработи нов проект и еве конечно се реализра.

Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека е задоволен од текот на активностите и додаде дека до крајот на годината ќе биде пуштен во употреба овој здравствен дом. Тој напомена дека би почнале со општи доктори, општа медицина и во меѓувреме ќе се направат обиди уште отсега да се најдат концесионери педијатар, општ интернист, специјалист гинеколог, кои би ги опслужиле сите граѓани.

Со изградбата на здравствениот дом на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги во местото на живеење, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби.

Новиот здравствен дом зафаќа бруто површина од околу 600м2, се гради на два ката, два влеза (преден и заден влез), две чекални, два шалтера, четири тоалети и 14 ординации. Во надворешниот дел ќе се обезбеди паркинг простор како и партерно и хортикултурно уредување.

Општина Илинден и понатаму останува посветена на реализација на проектите, со цел подобрување и обезбедување квалитетни услови за живот на граѓаните.

To top