– Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, соопшти Град Скопје.
Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.