Скопје

КУРИР дознава: Сите проекти на Гази Баба добија „зелено светло“ – еве какви добробити ќе имаат граѓаните од парите од унгарскиот кредит

На локацијата која сега е „црна дупка“ во општината, жителите на Гази Баба ќе добијат Културен дом во кој ќе се одржуваат низа важни настани.

КУРИР дознава: Сите проекти на Гази Баба добија „зелено светло“ – еве какви добробити ќе имаат граѓаните од парите од унгарскиот кредит

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со својот тим макотрпно работеше на изработка на проектни документи за инфраструктурните проекти со кои општината аплицираше на јавниот повик.

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини. Нивната вкупна вредност изнесува нешто над четири милијарди денари или околу 65 милиони евра. Овие средства се обезбедени од земениот унгарски кредит.

Фазата на евалуација не ја поминаа само четири општини: Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај.

Гази Баба, како што дознава КУРИР, на јавниот повик аплицираше со четири проекти и согласно Одлуката на Владата, одобрени се сите аплицирани проекти.

Тоа значи дека се исполнети сите услови и дека наскоро, од реализацијата на овие проекти, добробит ќе имаат сите жители на Гази Баба.

Со финансиска поддршка од Владата на Македонија, ќе биде изградена нова детска градинка во Инџиково. Тоа значи дека се отвораат повеќе капацитети за згрижување на дечињата и грижа помалку за нивните родители.

Општина Гази Баба, со парите кои ќе ги добие од унгарскиот кредит, ќе изгради нова училишна сала за учениците од ООУ „Наум Охридски“ во Црешево.

На локацијата која сега е „црна дупка“ во општината, жителите на Гази Баба ќе добијат Културен дом во кој ќе се одржуваат низа важни настани. Имено, ќе биде извршена комплетна реконструкција на Културниот дом во Ченто, кој сега е руиниран.

Како што дознаваме, ќе биде изградена и нова улица помеѓу Маџари и Керамидница. Оваа улица е предуслов за изградба на детска градинка на тој простор.

To top