Скопје

Костовски: Уште едно децениско ветување се реализира, денес започнуваме со реконструкција на улицата “Хо Ши Мин”

Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел. Денес започнуваме со реконструкција на улицата “Хо Ши Мин” со површина од 6040 квадратни метри и должина од 1032 метри, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Костовски: Уште едно децениско ветување се реализира, денес започнуваме со реконструкција на улицата “Хо Ши Мин”

УШТЕ ЕДНО ДЕЦЕНИСКО ВЕТУВАЊЕ СЕ РЕАЛИЗИРА – ПО 40 ГОДИНИ РЕКОНСТРУКЦИЈА КЛУЧНАТА СООБРАЌАЈНИЦА ХО ШИ МИН!

Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел.

Денес започнуваме со реконструкција на улицата “Хо Ши Мин” со површина од 6040 квадратни метри и должина од 1032 метри.

Повеќе од 40 години оваа клучна сообраќајница никој не ја реконструирал, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓа.

Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивен интерес.

Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во нашата општина.
Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон во обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.

Проектот се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски.

Благодарност до министерот Александар Николовски за одличната соработка.

Градежната офанзива е со силна динамика!, пишува Костовски во својата објава.

Најнови вести од Скопје

To top