Скопје продолжуваме со инвестирање во вакви проекти во целата општина

Кисела Вода го асфалтираше потегот околу црквaта “Свети Спас” во Драчево

Продолжуваат активностите за обнова на инфраструктурата во општина Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид во асфалтирањето на потегот околу црквата “Свети Спас” во селото Драчево, на површина од околу 1600 квадратни метри, каде претходно се градеше нова водоводна мрежа. Со новата водоводна мрежа се опфатени улиците “Корџевска”, “Мишевска”, “Домазетовска” и “Чучевска”. Истите ќе бидат асфалтирани откако домаќинствата ќе се приклучат на новоизградениот водовод.

Кисела Вода го асфалтираше потегот околу црквaта “Свети Спас” во Драчево

-Денес завршивме со асфалтирање на еден поголем простор околу црквата “Свети Спас” кој поради постоењето на верскиот објект, но и поради тоа што претставува сообраќајно поврзување на неколку други улици, е доста често користен од страна на жителите на Драчево. На повој потег, на површина од 1600 квадратни метри, претходно изградивме подземна инфраструктура, односно нова водоводна мрежа, која ги опфаќа и улиците “Корџевска”, “Мишевска”, “Домазетовска” и “Чучевска”. По завршувањето на активностите поврзани со приклучување на домаќинствата на водоводната мрежа, и овие улици ќе бидат целосно асфалтирани. Ваквиот системски и плански начин на работа, обезбедува квалитетна надземна и подземна инфраструктура, што во минатото било многупати лажно ветувано, додека жителите со децении биле оставани без квалитетна вода за пиење. Воедно, сакам да посочам дека продолжуваме со инвестирање во вакви проекти во целата општина, во сите населби и населени места се до целосно надминување на проблемите недозволиви за постоење во 21-от век-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Теми на денот

To top