Скопје сообраќајна контрола

Казни за 137 возачи во Скопје

Казни за 137 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои 25 санкции за непочитување на брзината на движење, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење на мобилен телефон…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

To top