Денес, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Иван Живковски, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, како и претседателот на Советот Светлана Колариќ, посетија неколку домови во Кисела Вода, каде што на дечињата им подарија новогодишни пакетчиња.
-Малку се дружевме, си посакавме многу здравје и радост во новата година, многу среќа и петки во училиште. Новогодишните и Божикните празници се најубав период од годината и треба да биде така, посебно за дечињата кои цел живот ги паметат подароците под елката, семејните празнувања и радоста на дарувањето. Затоа, секое дете заслужува да биде среќно и да има убави спомени од детството, а ова е само наш мал придонес кон таа среќа. Среќни и бериќетни празници-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.