Скопје апасиев шири лажни вести

Ѓорѓиевски: Левица повторно се избламира, барам јавно извинување (ФОТО)

Во врска со изнесените обвинувања од страна на политичката партија Левица, Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека станува збор за уште една манипулација со факти и обид за креирање политички наратив кој не соодветствува со реалната состојба.

Ѓорѓиевски: Левица повторно се избламира, барам јавно извинување (ФОТО)

Во врска со изнесените обвинувања од страна на политичката партија Левица, Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека станува збор за уште една манипулација со факти и обид за креирање политички наратив кој не соодветствува со реалната состојба.

Тендерската постапка за која Левица пласира обвинувања во јавноста е потпишана во периодот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Станува збор за постапка која е наследена од претходната администрација и претставува дел од континуирани развојни процеси во институциите на Град Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје потсетува дека токму во периодот на администрацијата на Арсовска, претставници и блиски кадри на Левица имале изразена блискост со управувачките структури во градските институции. Во тој период, нивни претставници учествувале во управни одбори, добивале работни позиции, како и договори на дело во институциите под надлежност на Град Скопје.

Дополнително, јавноста треба да знае дека институциите на Град Скопје беа оставени во исклучително тешка финансиска состојба, со обврски и финансиска дупка проценета на околу 300 милиони евра, што е резултат на недомаќинско и неодговорно управување во претходниот период.

Оттука, Градоначалникот порача дека пред да се делат лекции за транспарентност и отчетност, неопходно е политичките актери да се соочат со сопствената улога и одговорност во процесите од минатото.Граѓаните на Скопје имаат добра меморија, а фактите остануваат најсилен аргумент во јавната дебата. Наместо фабрикување наративи и краткотрајни политички конструкции на социјалните мрежи, јавноста очекува од опозицијата конструктивност, идеи и конкретни решенија за подобар и пофункционален град.

Воедно се апелира до Левица во рок од 24 часа јавно да се извинат за пласираните невистини. Во спротивно, ваквите обиди за политичка манипулација ќе бидат повторно аргументирано разобличени пред јавноста.

 

 

To top