Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 30.11.2025 година (недела) поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, корисниците од населба Методија Андонов Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците од ул. 808 и бул. Киро Глигоров.
Намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населба Автокоманда – ниска зона, населбите Триангла и Хиподром и корисниците од ул. Перо Наков лоцирани кај Кванташки Пазар.
Овие локации се наоѓаат во општина Гази Баба.
Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 30.11.2025 година (недела) поради уличен дефект од ф – 400 мм на ул. Бутелска б.б до сервис Топал, во периодот од 11.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, Бутелска од крак 1 до крак 35 и Бутелска од крак 2 до крак 14 во општина Бутел.