Скопје ЗЕЛС

Ѓорѓиевски оствари средба со Ганиу: Градот прави опструкции, но сите општини ќе имаат вистински партнер во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ

-Ќе ги посетиме општините, ќе ги детектираме проблемите и изготвиме решенија за што побрзо решавање на истите бидејќи градот Скопје и општините не смеат да чекаат.

Ѓорѓиевски оствари средба со Ганиу: Градот прави опструкции, но сите општини ќе имаат вистински партнер во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ

Првиот човек на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

-Пријателско кафе во срцето на Скопје и средба со мојот драг пријател и колега, Висар Ганиу. Сакам да изразам огромна благодарност за прекрасниот пречек во старата скопска чаршија. Секогаш уживам тука бидејќи има посебен дух. Чаршијата го сочува мултикултурното наследство на различни цивилизации која ги обединува и Македонци, Албанци, Турци и сите во нашето прекрасно Скопје. Благодарам на кафето и прекрасната домашна баклава, истакна Ѓорѓиевски.

Тој како претседател на ЗЕЛС со Ганиу разговараше за неговата досегашна успешна работа во изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје.

-Како и секоја општина на територијата на град Скопје, така и општина Чаир се соочува со проблеми, но и со опструкции од страна актуелното раководство на градот. Потребна е целосна реконструкција на булеварот „Цветан Димов” и улицата „Џон Кенеди”, потребно е решавање на сообраќајниот хаос со изградба на катни гаражи итн за што сум убеден дека Висар ќе најде начин да ги реши овие работи. Без разлика на сѐ ние заеднички ќе изнајдеме решенија за општинските и градските проблеми. И покрај немањето слух од страна на градот проблемите заеднички ќе ги надминеме бидејќи Скопје и сите општини ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а оној игнорантски однос во изминатите години заминува во минатото. Висар и неговиот прекрасен тим со кој имав чест да разговарам на повеќе теми, се длабоко посветени за да обезбедат подобри услови за жителите на Чаир. Морам да им честитам за нивната работа и посветеност за подобро утре, истакна Ѓорѓиевски.

Ова е втора средба од почетокот на средбите со градоначалниците што во периодот што следува сѐ со цел да се најде решение за граѓаните на Скопје.

-Ќе ги посетиме општините, ќе ги детектираме проблемите и изготвиме решенија за што побрзо решавање на истите бидејќи градот Скопје и општините не смеат да чекаат.
Скопје заслужува да биде повторно горд град, истакна тој.

To top