Скопје Со многу труд и упорност

Ѓорѓиевски на пријателско кафе со Трајановски: Скопје заслужува повторно да ја врати својата сјајна метрополска душа

Нашиот град заслужува повторно да ја врати својата сјајна метрополска душа. Заедно, со многу труд и упорност ќе го направиме тоа реалност, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски на пријателско кафе со Трајановски: Скопје заслужува повторно да ја врати својата сјајна метрополска душа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес беше на пријателско кафе со Коце Трајановски, за кого вели дека е човек кој како градоначалник остави силен печат во историјата на Скопје, градител со визија и љубов кон градот.

„Во секој негов совет и разговор се чувствува искуството, мудроста и искрената желба Скопје да биде убаво, достоинствено и полно со живот. Нашиот град заслужува повторно да ја врати својата сјајна метрополска душа. Заедно, со многу труд и упорност ќе го направиме тоа реалност“, истакна Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Скопје

To top