Со свежо цвеќе пред бистата на ООУ „Кузман Шапкарев” во Драчево, започна одбележувањето на патрониот празник на ова училиште.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој и самиот бил ученик во ова училиште, го честиташе 53-годишниот јубилеј, кој означува исто толку години континуиран растеж и успеси.
Назначи дека за него претставува чест што сега, од позиција на градоначалник може директно да работи на унапредување на условите за учениците и вработените во ова училиште.
Инаку во ООУ „Кузман Шапкарев” со изградба на нови училници ќе биде овозможена кабинетска настава, беше изградена сензорна соба која значително го олеснува и подобрува образовниот процес на учениците со попреченост, а наскоро ова, заедно со останатите училишта низ општината ќе добие фотоволтаици, проект кој е овоможен преку потпишаниот договор на Општина Кисела Вода со Центарот за развој на Скопски плански регион.
Годинава, во ООУ „Кузман Шапкарев” настава посетуваат 695 ученици.