Скопје „градоначалничка е многу конфликтна“

Георгиев: Арсовска има слаб рејтин и катастрофално го води градот, жртви сме на нејзината неспособност

Поранешниот пратеник и партиски функционер на СДСМ, Гордан Георгиев во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24 потенцираше дека треба да се сплотат сите македонски партии кои се дел од градот Скопје и да направат преврат за да се тргне Арсовска.

Георгиев: Арсовска има слаб рејтин и катастрофално го води градот, жртви сме на нејзината неспособност

– Мислам дека катастрофално го води градот. Сега сме жртви на неспособна градоначалничка и е многу конфликтна. Ова е приказна околу нова партија која ќе земе некои гласови и има предисторија. Толку е срозен рејтингот на Арсовска и на кој и да е во новата партија, што и тоа што ќе го откине го заслужува зошто опозицијата ја стави на тоа место, вели Георгиев.

To top