Скопската Зоолошка градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените.
Неофицијално, Зоо Скопје е затворена поради пронајдена бактерија кај гуските од која можат да се заразат и луѓето.
Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.
Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорги Галетановски објави на Фејсбук дека станува збор за „птичји грип“.
-Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во зоолошка градина Скопје. Во моментов Зоолошка е затворена, посетителите евакуирни, инспектори се веќе влезени. Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат, пишува Галетановски.