Скопје скопје

Додека Арсовска ги менува раководствата како на филмска лента, ЗОО Скопје останува без милениците на децата и возрасните

Со големо жалење и тага ве информираме дека на 16-годишна возраст, не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград, стои во соопштението кое вчера го објави Зоолошката градина Скопје.

Додека Арсовска ги менува раководствата како на филмска лента, ЗОО Скопје останува без милениците на децата и возрасните

Со големо жалење и тага ве информираме дека на 16-годишна возраст, не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград, стои во соопштението кое вчера го објави Зоолошката градина Скопје.

Тимот на ЗОО Скопје искажува голема тага за ваквата загуба која ги тангира не само вработените во зоолошката, туку и сите посетители од најмала до најстара возраст. Имено, тие имаат се помала можност за уживање во грациозноста и величенственоста на ретките животни, благодарение на неспособноста и ноншалантноста на градоначалничката Данела Арсовска како и на раководството кое таа го назначува.

Додека Арсовска во текот на својот мандат ги менува директорите на Зоолошката како своите дестинации за патување низ светот, ЗОО станува експериментална установа.

Изразуваме најголема загриженост и револт поради катастрофалните услови во кои се држат животните во Скопската Зоолошка градина. Сите ние сме сведоци на неодамнешните трагични настани кои ги испишуваат смртта на слоницата, жирафите, пингвините како и прикривањето на смртта на бизонот кој е исто така починат под неразјаснети околности, изјави активистот Стефан Кирков, пред околу 2 месеци, во едно од своите обраќања во врска со хоророт што и се случува на Зоолошката градина во Скопје.

За освежување на меморијата, додека Данела се освежува под тропските палми, по нејзиното доаѓање на градоначалничката функција, ЗОО-Скопје го изгуби и статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.

Арсовска со нејзините кадри покажа дека е тука само за раце во мед и од градот направи пустош, па на ред дојдоа и животните. Дури и во Скопје ЗОО можело да се измислаат позиции за рачиња во мед. Тоа е Данела Арсовска, дами и господа, пишува Кирков.

Како што скопјани го гледаат спасот и излезот од натрупаните проблеми кои му тежат на градот во заминувањето на Арсовска, така и животните од ЗОО Скопје го испраќаат последниот крик за нејзино пакување заедно со кадрите кои таа ги именува, а се блиски до структурите на СДС и ДУИ.

Најнови вести од Скопје

To top