Скопје Водовод и канализација

Делови од Карпош и Гази Баба без вода

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

Делови од Карпош и Гази Баба без вода

Без вода денеска од 9:00 ќе бидат дел од жителите од населбите Горно Нерези, Трнодол, Жданец и дел од улицата „Козле“.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок на улица „Козле“ број 91.

Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-80 милиметри на улицата „Струшка“ број 7, без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“.

Поради санирање дефект на ул. „515“ бр.12 (по ново улица „Јордан Мијалков“) во населба Ќерамидница, без вода од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „512“, „515“, „516“ и „520“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

To top